цитира св. и несв.
цитирање ср.

цитира (св. и несв.)

Внимавај што и кого цитираш. Анализирај го контекстот како мрачна шума во која вирее твоето дрво.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Во тој контекст би морал да го цитирам Монтењ: „Ги сакам селаните, тие не се толку учени за да резонираат наопаку”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во таа фуснота беше цитирана завршната реченица од некој расказ на Кафка, која според тврдењето на авторот дословно гласела: Заради сето тоа ние ќе пропаднеме!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Секогаш треба да го цитираме Шекспир.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Веднаш продолжив, сеќавајќи се на еден запис на преродбеникот Фаик Коница за Верата на албанците, во кој се цитира искажувањето на лејди Мери: - Таа вели дека од сите вери што ги запознала, верата на Албанците, ѝ се чинела најнеобична.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Нашите стари често ја цитираат мудрата еврејска поговорка што вели: да не ти даде Господ да имаш, па да немаш!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Сепак, модернистите исто така се надеваат дека нивните нови теории, да го цитираме Хјум, “нема да бидат инфериорни во поглед на извесноста и ќе бидат многу посупериорни во поглед на корисноста од кое и да е друго човечко сфаќање”.8
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дедо Трајко не знаеше да го цитира Рацин, ама муабетот му врвеше во таа насока кога ќе сакаше да каже дека жолтите отрови, на млади години, не му биле непознати.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Цитира дури и една нејзина мисла: Ана вели дека ние, луѓето, кога веќе имаме храброст да го доживееме убавото во љубовта, треба да имаме храброст да се соочиме и со нејзините грди страни!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Картагина беше заземена и уништена во 146 година. Зборовите на Катон не престанаа да бидат цитирани.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нема смисла понатаму да цитирам, зашто треба да го препишувам целиот расказ.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
По вечерата главна беше Мими: ги цитираше и стихотворбите, и четивата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
На крајот на веста беше цитирана кусата изјава на другарот Едо Бранов, бивш Претседател во истата организација, а сега советник, кој велеше дека претседателот, другарот Граматниковски бил „примерен претседател“, „политички подобен“ и личност со „извонредна смисла за меѓучовечки односи“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Цитирам: Радост бистра, убост чиста сестро Оделисида опивна си моќ што плиска, в занес си поезија.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Потем праша: „А што сте сакале да кажете со она, цитирам: Според таа глупава логика, жена ви нема да ве изневери, ако во куќата го чувате здравиот национален дух.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Читателите се исто така задоволени: поттикнати од колумните, цитираат, дискутираат, полемизираат...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Цитирам од поглавје два: „Во природата нема тело, коешто апсолутно би мируело. Да се движиш значи да го менуеш своето место спрема средината каде што се наоѓаш.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Вториов роман дури и цитира и преработува низа вистински историски документи за да ги приспособи кон машката геј- тема.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Оној ден што почнува со: „Каков срам и врз нив и врз мене, и врз нашата слобода, независна, неврзна држава...“ би можел да биде цитиран во целост, до крајот на пасусот, само да не е толку долг, а забелешката која следи: „се наведнаа, зедоа по една кисела слива, си ги закиселија непцата и скиселени исчезнаа“ се ретки примери на блескава иронија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Неказнето по серпентините! Зарем не рече така? - му се обратив на Б . С . - Да, ми се чини реков. Но не мораш да ме цитираш.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Повеќе